Во истрагите на СЈО ќе се вклучат и обвинители кои не биле „специјални“

Истраги темелени на прислушкувани разговори ќе се најдат во рацете на обвинители кои не биле дел од СЈО. Нив ги отвориле специјалните обвинители од обвинителството на рузвелтова,  но сега во дел од истрагите ќе помагаат и нивни колеги од државното обвинителство. Ова за Телма го потврди првиот човек на обвинителството Љубомир Јовески.

  • Сите истраги се веќе распределени откако беа презаведени во надлежните обвинителства. Дадени се на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство, а само во некои ќе помагаат и обвинители од надлежните обвинителства, вели Јовески. 

Се работи за вкупно 19 истраги кои ги отвори поранешното СЈО.по згаснувањето на ова обвинителство, Јовески одлучи дека отворените истраги ќе ги дпреземе неговото обвинителство а ќе ги додели на поранешните специјални обвинители кои веќе ги работеле. До сега ги распредели Империја, друмарина, актор и поштенска банка. Останатите 15 ги распределил деновиве. Меѓу нив се Рендген за прв пат беше осоомничен екс министерот за здравство Никола Тодоров. Уште еден поранешен министер за здарвство а актуелен вицепремиер Бујар османи е осомничен во една од сега распределените истраги под кодно има Пациент. Во Лидери пак беа осомничени поранешните двајца коалициони партнери Али Ахмети од ДУИ и Никола Груевски од ВМРО ДПМНЕ. Тие исто така се осомничени и во истрагата Попис. Меѓу актуелните функциоери кои се осомничени е и пратеникот Антоние Милошовски во истрага наречена Моќниќ. Во истрагата базни станици пак меѓу осомничените беше и екс директорот на т  мобајл жарко луковски кој во меѓувреме почина. Во дел од истрагите уште беа осомничени и Миле Јанакиески, Стевчо Јакимовски, Сашо Мијалков, Горан Грујоски и Кирил Божиновски. Распределбата на истрагите доаѓа во време кога власта и опозицијата повторно го отвораат прашањето за носење на законот за Јавно обвинителство. За опозицијата од чиј редови се и осомничените е неприфатливо Љубомир Јовески да остане прв човек на обвинителството. Законот пак не предвидува тој да биде променет, а непроменет е и начинот на кој ќе се бира следен обвинител. Уште во него е пропишано дека бомбите ќе се преселат во државното обвинителство, а поранешните специјални обвинители да се вдомат во она на Вилма Русковска. Со новиот закон се става крај и на законот за СЈО, но не и на предметите и истрагите кои ги започна.

 

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ