
Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа
Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент, попладнево ќе го разгледа нацрт законот за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа. Претседателот на парламентот, Никос Вуцис, претходно ќе одржи состанок со потпретседателите за да се одреди парламентарната процедура, односно колку состаноци ќе одржи комисијата и кога ќе биде закажана пленарната седница. Нацрт законот во саботата беше доставен до грчкиот Парламент, а се очекува да се изгласа до петок.
Иако на премиерот Алексис Ципрас му е доволно – просто мнозинство од пратениците кои ќе гласаат на седницата, самиот тој рече дека сака Договорот да добие апсолутно мнозинство од 151 пратеник во грчкиот парламент, за да не остави каква било недоумица за во иднина.
За договорот ќе гласаат 145 пратеници на Сириза, но и уште неколку пратеници од помалите политички партии, со што се најавува дека ќе се соберат околу 153-ца пратеници кои би го поддржале договорот. Сепак, најавите за индивидуални гласања на пратеници, предизвикуваат сериозни расколи во партиите Независни Грци, Река, но дури и кај социјалистите на Фофи Гени-мата, откако екс-премиерот Јорго Папандреу позитивно се изрази за договорот, спротивно на ставот на партијата.