Во гевгелиско почна со работа првата депонија изградена по ЕУ стандарди

Речиси еден милион долари чини новата депонија кај Конско, гевгелиско. Од денеска таа и’ е на располагање на оваа општина и треба да одговори на огромниот предизвик што изминативе години го имаше градот со правилно складирање на отпадот.

Досега локацијата на гевгелиската депонија беше кај Сува Река. Но поради несоодветното место и немањето можност за контрола на отпадот, мораше да се дислоцира кога почна бегалската криза. Ова решение на депонијата е времено а изградбата ја помогнаа УНДП и јапонската влада.

Депонијата кај Конско  ќе работи додека не се изгради долго најавуваната регионална депонија кај струмичко Добрашинци. По нејзиното завршување, Конско ќе биде дел од системот како помошен центар на Регионалната депонија на Југоисточниот регион.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ