Во Дебар по две недели повторно заболени од корoнавирус

По околу две недели, во Дебар две лица повторно се болни од Коронавирус. Станува збор за медивцински персонал вработен во општата болница во Дебар. Поради тоа неколку други вработени се ставени во домашна изолација . Директорот на болницата Баки Алили денеска информираше дека во оваа здраствена институција се пристигнати  двајца лекари специјалисти пулмолог и кардилогот, бидејки вчера  заврши двенеденлото ангажирање на екипа на споецијалисти од дрѓавната клиника во Скопје .

На средбата пак со новинарите денес, градоначалникот на Дебар Хекуран Дука информираше дека општинбата побарала од Владата за Дебар да има додатна посебна економска помош бидејки цели 3о дена , општината беше во карантин а штетите во бизнсис секторот се големи . Дука исто така побара од населението да продоллжи со почитувањето на мерките на владата , бидејки првата фаза заврши со тоа што е укината кризната состојба  и додаде дека вирусот Ковид 19, и понатаму е присутен не само во општината туку и секаде .

Кенан Мимидиноски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ