
Во четврток почнуваат пристапните разговори за НАТО
Во четврток Македонија ги почнува пристапните разговори со НАТО. Официјалниот старт ќе биде во Брисел, каде ќе присуствуваат членовите на работниот комитет и на комитетот за интеграција. Со тоа се влегува во втората фаза од процесот, што е и фаза пред членство во Алијансата.
Вицепремиерката Шеќеринска вели дека нашите тимови за разговорите се подготвуваат со оптимизам и желба за успех.
Министерот за надворешни работи потенцираше дека НАТО не е само безбедносна Алијанса, туку и економски клуб.
Во оваа фаза ќе биде утврдена и временската рамка за комплетирање на процесот, што во нашиот случај е крајот на декември. Во јануари идната година треба да се потпише протоколот за пристапување на државата во сите тела и органи на НАТО, но без можност да гласа, а приемот во полноправно членство ќе се случи откако земјите членки ќе ги ратификуваат протоколот и тоа секоја посебно. Планирано е тоа прва да го стори Грција. Но, ништо од ова нема да се случи доколку Преспанскиот договор не се имплементира целосно.
Далиборка Дамјанска Цветановска