
Во Чаир се фалсификувале изборни резултати по примерот на народната „морков или стап“
Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство со помош на народни изреки објаснуваше како Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ ги местеле изборите за градоначалник на Чаир. По приметрот на народната морков или стап ја фалсификувале изборната волја на граѓаните на општина Чаир, па поради ова се најдоа како обвинети во случајот Титаник 3. Фетаи во воведните зборови ги обвини дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“ .
„Тие имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир со цел да остварат политичка моќ незадоволни од вистинскиот изборен резултат тие формирале група за дејствување, односно имале цел да генерираат поволен изборен резултат. Како во изреката ’морковот и стапот‘, обвинетите на сведоците им велеле доколку не го сториш ова нема да поминеш добро‘ и ’имаме договор со ВМРО, ништо нема да ви се случи‘. Со тоа создале страв кај членовите на групата, кажа Фатиме Фетаи – СЈО.
Обвинетите Ејуп Алими кој во моментов е и координатор на пратеничката група на ДУИ и неговиот сопартиец Исмет Гури рекоа дека не се виновни. И забележаа на обвинителката на речникот со кој се користи.
Инаку нивните адвокати убедуваат дека ќе докажат не учествувале во фалсификат на изборните резултати и побараа извештај од МВР дали на тој ден било пријавено насилство во просториите на Општина Чаир каде што се наоѓала општинската изборна комисија. Наредното рочиште, за материјални докази, е закажано за 19 јуни.
Билјана Николовска