
Во брегалничкиот регион и годинава се бележи намалување на бројот на гласачи
Весела и со здрав разум денеска 80 годишната Рада Маноилова од карбинското село Таринци гласаше во својот дом. Годините натежнале, а болката во нозете оваа година ја спречија да гласа на своето избирачко место.
Ден пред претседателските избори во земјава гласаат вкупно 3.583 болни и немоќни лица. Во источниот регион оваа право го искористија 650. Рекорден број на пријавени за гласање има во Делчево 192, Штип само 60, а најмал број или само пет има во руралната општина Карбинци, каде што Телма денеска го следеше гласањето на болните и немоќни лица.
Во 11 општини на Брегалничкиот регион и годинава се бележи намалување на бројот на гласачи. Во споредба со ланскиот референдум на избирачкиот список има над 700 гласачи помалку или утре со право на глас се 151.706.
Викторија Јованова