
Во борба против бившите директори на УБК- Ременски задоволна што антикорупциска ги работи нејзините претставки
Кога Ана Камчева му кажала за рекетот од Боки 13, тогашниот директор на УБК Горан Николовски требало да пријави,а не да дава совети- смета Ременски Ташевска која оваа постапка ја доведува во врска со тоа што Николовски бил кираџија во куќата на адвокатот на Орце Камчев. Како директор на УБК Николовски требало и да ги предупреди државните функционери кои според Ременска најверојатно не знаеле дека се сликаат и дружат со некој што бара пари за средување услуги во СЈО.
Куќата на адвокатот на Камчев, во која под кирија живеел Горан Николовски била пријавена во неговиот анкетен лист утврдиле проверките на антикорупционерите, каде денеска беше и Ременски. За нејзиниот сопруг кој работел на висока позиција во истата УБК раководена од Николовски, а кој прво беше предложен за сведок на судењето за Рекет, а потоа одбраната на Боки 13 го повлече, пратеничката вели дека според законските дефиници не може да биде сведок.
Ременски е обвинета пак заедно со Боки 13 во предметот за меѓународен сојуз. Не се чувствува оставена и предадена од својата партија СДСМ, но се чувствува оставена од јавноста и медиумите кои според неа не ги поставувале и анализирале вистинските прашања поврзани со причините за отворање на предметот Рекет. Од друга страна на прашање на Телма зошто не каже во јавноста какви кривични дела и злоупотреби на тајната служба се кријат во доверливите документи најдени кај неа, одговара дека со прецизни одговори ќе се откријат имињата на тие што згрешиле.
Миомир Серафиновиќ