
Во Бојане граѓаните се шетале во полициски час и бегале пред патролите на МВР- приведени дваесетина прекршители на забраната во повеќе области низ цело Скопје
Во Бојане (општина Сарај) попладнево повеќе десетина граѓани се шетале низ селото и оделе по гости, а кога дваесетина полицајци од ЕБР биле испратени на интервенција по селските улички почнало бегството на прекршителите на забраната.
Од скопската полиција за Телма велат дека бегалците се собираат по дворови и чекаат полицајците да поминат низ улицата, а потоа пак излегуваат. Повеќе од половина час имало брканица по прекршителите кои спасот го наоѓале по туѓи дворови. Приведени се двајца за кои ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Слична слика имало и во уличките околу булеварот Џон Кенеди во Чаир, каде кога влегувала полицијата, луѓето надвор се криеле во дворови.
4-ца прекршители се приведени во Шуто Оризаре.
До 17 часот на теиторијата на СВР Скопје имало дваесетина приведени прекршители на полицискиот час, а има уапсени и во општините Аеродром, Центар и Газибаба.
Скопје е дел од општините и градовите кои се под режим на полициски час со забрана за движење во период од 21 часот во четврток до понеделник 5 часот наутро.