Во 81 село нема да се гласа на референдумот – иселени се!!

Во 81 населено место во Македонија нема да се гласа на референдумот. Причина е масовното иселување кое резултираше со тоа, во  нив да живеат под 10 жители што, пак,  е законскиот минимум за да се организира гласање.

Најзагрозена е општина Прилеп, каде дури во 13 села живеат под 8 жители. Веднаш зад него е Македонски Брод со 8 иселени села, од кои две имаат само по еден жител. Следат Пробиштип и Демир Хисар со по 6 места во кои има само по неколку жители, додека во Кичево и Маврово има по пет вакви места. Чашка има четири такви села, од кои во едно повеќе не живее никој. Сите се иселени и од едно село во Петровец, каде има уште две места со минимален број на жители.Следат Кратово, Штип, Дебарца  и Конче, со по три речиси иселени села, а по едно до две има и во Кочани, Гевгелија, Велес, Сопиште, Неготино, Охрид, Кавадарци, Гостивар, Крушево и Радовиш.  Малкуте останати жители, ќе можат да гласаат во најблиското поголемо населено место, кое не е подалеку од три километри.

Општинските изборни комисии ќе треба да ги известат гласачите, каде можат да гласаат. Од Државната изборна комисија велат дека овој проблем со секои избори станува се поголем.

ДИК од утре почнува и медиумска кампања за информирање на граѓаните за референдумот. Ќе се емитуваат три видео записи, едниот ќе биде од информативен карактер, а другите ќе ги учат гласачите за нивното гласачко право.

Граѓаните овојпат ќе мора многу да внимаваат при гласањето, затоа што гласачкото ливче е поразлично од тие на избори.

Гласачките ливчиња повторно се испечатени во битолската печатница ,,Киро Дандаро”, за што се потрошени 13 милиони денари, двојно помалку од изборите минатата година. За набљудување на референдумот досега се акредитирани над 6.000 набљудувачи, а нивниот број секојдневно се зголемува.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ