Во 3 населени места во Теарце во водата за пиење се пронајдени фекалии

Теарчани се затруле од водата за пиење каде се пронајдени фекалии. Испитувањата на Институтот за јавно здравје покажале дека во 3 населени места во Општина Теарце водата е микробиолошки загадена.

Дадени се насоки за решавање на проблемот, дотогаш ќе важи забраната за користење на водата.

Во Теарце жителите се снабдуваат со вода од река Бистрица која најпрвин се акумулира во базен, останатите села од општината се снабдуваат директно од река.

Дел од луѓето кои ги одржуваат селските водови и претходно тврдеа дека теарчани се затруени од вода, поради незаштитените водоводни системи.

Од Центарот за јавно здравје Тетово велат дека селските водоводи се незаштитени и над  50 % од нив со неисправна вода за пиење.

Не се оградени, нема заштитни зони, и во нив секој има пристап да влезе.

Изминатата недела амбулантите во Општина Теарце беа преполни со затруени пациенти. Повеќе од 500 лица се пожалиле на болки во стомакот, дијареа и повраќање.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ