Внукот на реисот Сулејмани не е меѓу приведените откако вчера пукаше на кајак-пресметката на Матка

Вкупно 5-мина напаѓачи од Матка се приведени вчера и се осомничени за кривично дело насилство. Меѓу приведените не е лицето кое користеше пиштол и истрела куршум при нападот врз друга група која се занимава со туристички превоз со чамци до пештерите на Матка. Пиштолџијата според повеќе јавни написи е Мерван Сулејмани, кој е во блиска роднинска врска со Реисот на ИВЗ Сулејман Реџепи.

Според полицијата 5-мина жители на Глумово и Рашче се приведени. Тројца од приведените се на возраст од 24 години, додека другите двајца се на 32-годишна и 46-годишна возраст. Според пријавата на нападнатите Сулејмани користел пиштол околу 15 часот на платформата за кајаци во езерото.

Од инцидентот протече снимка снимена од посетител на кањонот на Матка, каде и се слуша истрелот. Според пријавата покрај пукачот уште други 4-ца биле вооружени, двајца носеле пиштол, еден од напаѓачите имал нож, а четвртиот носел безбол палка.

-На 09.05.2020 во 20.20 часот во на СВР Скопје, С.С.(31) од с.Глумово пријавил дека околу 15,00 часот додека со неговите браќа С.С. и А.С. биле на работно место во Планинарски дом Матка забележал дека М.С. пука со пиштол кон неговиот брат А.С. до кого биле и М.С. и И.С., кои носеле пиштоли, И.С. кој носел нож, Ќ.С. носел бејзбол палка и Р.Е. Во еден момент Ќ.С. со бејзбол палка физички го нападнал пријавителот, стои во билтенот на МВР.

Напаѓачите по нападот го напуштиле местото и вотекот на денот, дел од нив се уапсени. Скопското обвинителство го води предметот, а според сознанијата на Телма покрај за насилство истрагата ќе се прошири и на кривичното дело „предизвикување на општа опасност“.

Подолг временски период постои антагонизам меѓу две групи кои се занимаваат со туристички превоз со чамци до пештерите на Матка. Групата на напаѓачите има добиено концесија за таа дејност од општината Сарај. Втората група, нападнатите браќа од Грчец пак исто така подолг временски период се занимаваат со истата дејност. Првичната расправија настанала токму поради движењето на чамците со посетители кон пештерата. Истрелот се случил 4 часа пред полицискиот час, кога на Матка се уште имало голем број на посетители од сите возрасти.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ