
ВМРО Народна бара од ДИК да ги исфрли ВМРО ДПМНЕ и СДСМ од изборите
ВМРО-Народна партија бараат Државната изборна комисија да ги исклучи ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од претстојните избори поради кршење на Изборниот законик, односно почнување на предизборна кампања вон законскиот рок.
Од Државната изборна комисија велат дека, немаат надлежност да реагираат пред да се распишат избори.
Партиите се договорени за избори на 12 април, но тие се` уште не се распишани. Во меѓувреме, уште од пред неколку месеци, и ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се на терен низ цела држава. Држат трибини и собири со предизборна реторика, но тоа го претставуваат како партиски и владини активности. Едните наводно им објаснуваат на граѓаните со што ја подновиле Македонија, а другите, тврдат дека прибираат идеи за обнова.
Далиборка Цветановска