ВМРО – ДПМНЕ: Зоран Заев нема легитимитет да го менува Уставот за да го смени уставното име на Република Македонија

ВМРО – ДПМНЕ излезе со партиско соопштение откако Владата вечерва ја почна процедурата за уставните измени поврзани со Договорот од Преспа.

Зоран Заев нема легитимитет да го менува Уставот за да го смени уставното име на Република Македонија.

Зоран Заев нема легитимитет да ги менува идентитетот, историјата, културата и традицијата на Република Македонија.
Покрај сите нерегуларности, заплашувања, поткупувања и полнење на кутии граѓаните кажаа НЕ.

1 милион и 200 илјади граѓани му дадоа црвен картон на Зоран Заев и на СДСМ на референдумот. Граѓаните не ја поддржаа неговата антидржавна политика и му порачаа дека договорот од Преспа за промена на името е правно – политички мртов.

Секој обид за насилно туркање на договорот од Преспа во Собрание е силување на волјата на граѓаните.

Зоран Заев треба да се откаже од капитулантскиот договор за промена на името.

Општествено – политичкиот хаос кој го создаде Зоран Заев мора да заврши. Политичарите од транзицијата кои ја узурпираат власта во Република Македонија мора да си заминат. Република Македонија мора да тргне напред.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ