
ВМРО ДПМНЕ во дилема што ако СДСМ не сака предвремени избори?
Заседава Централниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ , дилемата е што доколку СДСМ не сака предвремени парламентарни избори? Нивниот начелен став е да се одржат парламентарните со преседателските избори.
Седниците на највисоките партиски тела доаѓаат по завчерашната одлука на Централниот одбор на владејачката СДСМ конечниот став околу евентуалните предвремени парламентарни избори да го соопшти во текот на идната недела. Централниот одбор на СДСМ го овласти највисокото партиско раководство да донесе одлука дали заедно со претседателските ќе се организираат и предвремени парламентарни избори, а конечната одлука за нивниот кандидат за претседател на државата да се донесе на конгресот што ќе се одржи на 3 март.
За претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, пак, се уште трае огласот што е отворен до крајот на месецов, а тој, според најавите, ќе се избере на конвенцијата што ќе се одржи на 16 февруари во Струга.