ВМРО-ДПМНЕ: Владата повторно удри по граѓаните со воведување ДДВ за физички лица

Наместо намалување на давачките и враќање пари од данокот на додадена вредност како што ветуваа, СДСМ сега на граѓаните им воведуваат дополнителни давачки со кои ќе им одземаат дополнителни средства за своето расипничко трошење, обвиија денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Слободанка Алексовска во име на партијата го обвини СДСМ дека уште еднаш ги излажа граѓаните и наместо да работи за да го подобри стандардот повторно им удри по џебот. Како што рече таа, СДСМ почнува да ги оданочува сите физички лица кои имаат годишни приходи од еден милион денари, што е уште еден срамен потег на неспособната власт да ја полни буџетската каса со пари на граѓаните, наместо со проекти кои носат дополнителна вредност.

„Секој оној кој заработува годишно над 16.000 евра, СДСМ одлучува да го казни и да го задолжи да се регистрира и како ДДВ обврзник. На тој начин за секој остварен приход каде е исклучен персоналниот данок на доход ќе се плаќа и ДДВ. На овој начин физичките лица се ставаат во нерамномерна положба во однос на компаниите, бидејќи ќе бидат двојно оданочени, и со персонален данок на доход и со ДДВ. Значи секој оној кој што заработува екстра околу 80.000 денари месечно, со двојното оданочување од персонален данок и ДДВ, на крајот на годината ќе биде оданочен со над 250.000 денари на вкупната сума од 12 месеци“, изјави Алексовска.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ