
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека е за компромис околу изборите но не прифаќа диктати кои создаваат нови кризи
ВМРО ДПМНЕ поаѓа од своите принципи за заштита на здравјето на граѓаните со оглед на растечката тенденција на ковид заразата.
Освен гаранции за заштита на здравјето на граѓаните, Мицкоски на средбата ја посочи. потребата за кредибилен изборен процес, при што потребен и увид во избирачкиот список и кредибилна набљудувачка мисија на ОБСЕ и ОДИХР.
Мицкоски инсистирал да се запазат уставните и законските норми во однос на изборите , и вооедно да не се лицитира со датуми, бидејќи тоа е неодговорно спрема граѓаните.
Тој посочил дека изборите не смеат да се претворат во трка по датуми, туку суштина која треба да обезбеди гаранции за здравјето и за кредибилен изборен процес.
ВМРО-ДПМНЕ е за компромис бидејќи тоа е добро за државата, но и неприфаќање на еднострани диктати кои генерираат дополнителни кризи.