
ВМРО ДПМНЕ: Со зголемување на акцизата владата на Заев директно удира врз народот
Опозициската ВМРО- ДПМНЕ обвини дека Владата ризикува инфлација и поскап живот на граѓаните.
Генералниор секретар Јанушев изјави дека цената на нафта допрва ќе расте на светската берза и ако на ова се придодаде и зголемување на акцизата која ќе ја направи владата на Зоран Заев тогаш Македонија ќе има европски цени на нафта во услови на неевропски стандард.
„ВМРО-ДПМНЕ не поддржува воено профитерство, односно кронизам што ќе донесе зголемување на акцизата на нафта а со тоа и директно зголемување на цената на многу продукти и поскап живот.Бараме веднаш да се повлече од намерата за покачување на акцизата која ќе донесе поскап живот и сиромаштија на граѓаните. Не смееме да дозволиме враќање на транзицијата каде едни ќе се богатат, а други уште повеќе ќе осиромашуваат“ – вели ген секот на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев.