ВМРО ДПМНЕ со став: На референдумот секој по сопствено убедување да донесе одлука

ВМРО ДПМНЕ ги повика граѓаните на референдумот да гласаат по сопствено убедување и да донесе одлука. Ова го соопшти лидерот на партијата Христијан Мицкоски по состанокот на ЦК. Тој рече дека граѓаните знаат за што тој им зборува, знаат што треба да направат, да го следат срцето, и дека на крајната одлука од народот ќе се поклонат.

„ Секоја индивидуа да донесе одлука која смета дека е најдобра за своето семејство и нашата мила Македонија. Македонија не е само на Мицкоски, ниту на Заев туку на секој слободен граѓанин. Имате се пред вас и знаете што да направите. Само треба да го слушате вашето срце и вашиот разум и Македонија ќе победи”, рече Мицкоски на прес-конференцијата.

Мицкоски претходно повтори дека ВМРО ДПМНЕ е против Договорот од Преспа, бидејќи со него, како што кажа се уриваат сите принципи и позициите кои долго се граделе. Посебно затоа што со него се менува Уставот, што е против ставовите на партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ е за членство во НАТО и ЕУ, тоа се нашите пријатели и партнери. Ние сме силно против договорот, оти не ги одразува интересите на Република Македонија”, рече Мицкоски.

Ги повика и институциите да одговорат зошто не реагирале за прерано почнатата кампања за референдумот, но исто така го повика и премиерот Зоран Заев на нов дуел, на кој ќе дебатираат за Договорот, за неговата суштина.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ