ВМРО-ДПМНЕ: Со фаличните тези за референдумот не се покрива капитуалнсткиот договор

СДСМ не може да го покрие со ништо општиот грабеж кој го спроведува криминалниот картел на власт, а го гледаат и чувствуваат сите граѓани. Тоа се гледа и во фактор што секој ден од СДСМ се пушта едно исто конфузно и безидејно соопштение, соопштуваат денеска од ВМРО – ДПМНЕ.

Бледо соопштение со тези кои се преполни со лаги и невистини. Впрочем тоа е максимумот од партија чиј претседател кога и да отвори уста секогаш кажува лага. СДСМ единствено се обидува да го заштити Зоран Заев и неговите најблиски соработници од одговорност за криминалите.

Со фалични тези за референдумот не се покрива срамот од капитулантскиот договор. Скандалите и криминалот не се бранат и покриваат со бледи соопштенија. Целото општество е во стагнација. Со СДСМ нема напредок, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ