ВМРО-ДПМНЕ се придружува кон барањето на Владата за прогласување вонредна состојба

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се придружува кон барањето на Владата за прогласување вонредна состојба. Истовремено, ја повика Владата да им помогне на компаниите на кои им се заканува банкрот.

Средствата за плати и за придонеси што треба да се исплатат за еден месец во загрозените компании се околу 80 милиони евра, а тие имаат заработка од нула денари.

Тоа се главно претпријатија со еден до десет вработени, на кои им е неопходна помош, предупреди Христијан Мицкоски. Го критикува пакетот мерки на Владата со помош од 5 милиони евра, кога загубите им се 110 милиони евра месечно.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ