ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги злоупотребува евроатланските аспирации за своите капитулантски политики

Однесувањето на Зоран Заев е недржавно, немакедонско и срамно. Зоран Заев не само што не го интересира одбраната на националните интереси и мислењето на народот, туку не го интересира ниту заштитата на македонските светости за кои се жртвувале претходните генерации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев и владејачкото мнозинство своеволно и свесно ги кршат Уставот, законите и процедурите со цел по секоја цена да се спроведе капитулантскиот договор за промена на името. Заев непринципиелно го поистоветува влезот на државата во НАТО и ЕУ со промена на уставното име, иако од самите институции му е укажано, дека всушност се потребни вистински реформи, обвинуваат од опозициската партија.

СДСМ ги злоупотребува евроатланските аспирации на Република Македонија за протнување на своите капитулантски политики, барајќи начин како да ги заобиколи сите кои размислуваат спротивно.

Власта го оневозможува дијалогот и демократската расправа. Заев бега од дебата со кршење на правото. Промената на законско утврденото мнозинство за избор на ДИК од 2/3 на апсолутно, без консултација на опозицијата претставува негативен правен преседан кој е исклучиво на штета на демократијата и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ бара целосно почитување на пржинскиот концепт на техничка влада пред избори и тоа е единствен начин како граѓаните ќе можат непречено да ја искажат својата волја. ВМРО-ДПМНЕ бара почитување на концептот за финансирање на политичките партии кој веќе беше договорен.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ