
ВМРО-ДПМНЕ: „Рекет 2“ не смее да помине неказнето
–Зоран Заев знаел за „Рекет 2“ на Дончев и на Филипче но не го пријавил кај Русковска, сега има кривична против Ден Дончев, против Филипче која што се прошири, и со кривична против Кичеец. Ама Заев се уште ги чува Ден Дончев и Венко Филипче на своите функции.
–Русковска која што го води случајот, се уште не побарала овие двајца функционери, високи функционери, како директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, и како министер за здравство во Владата на Република Македонија да бидат отстранети од своите позиции за може да има вистинска истрага за „Рекет 2“, притоа да не вршат притисок врз сведоци или пак да менуваат докази. Или пак можеби да побегнат, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ .