
(видео) ВМРО ДПМНЕ пред конечна одлука за референдумот
Во очекување на конечната одлука на ВМРО ДПМНЕ за реферндумот, во моментов се уште трае седницата на Извршниот комитет на партијата, по што ќе следува и Централен комитет, на кој ќе биде потврден конечниот став. Во текот на денот, раководството имаше консултации со пратеничката група, а пред почетокот на ИК, дел од членовите дадоа изјави со различни ставови кои владеат во партијата. Костадин Богданов е сигурен дека никој не размислува за бојкот на референдумот, додека Тони Михајловски пак вели дека се надева на одлука со која, како што кажа ќе се спаси државата од апокалипсата што и се подготвува со реферндумот.