
ВМРО ДПМНЕ прашува која е гаранцијата дека државата ќе добие датум во октомври
За ВМРО – ДПМНЕ е очекувано што вчера на советот во Луксeмбург не беше даден датумот за старт на преговорите. Неисполнување на реформи, криминал и корупција се само дел од причините кои ги лоцира опозицијата.
Оттаму прашуваат, која е гаранцијата дека во октомври ќе се добие датум, бидејќи вчера никој во Луксембург не потврдил дека одлуката ќе биде позитивна.