
ВМРО- ДПМНЕ повика на масовност во вториот изборен круг
ВМРО-ДПМНЕ повика на масовен одзив во вториот изборен круг.
Вчерашниот изборен резултат покажал дека СДСМ е делегитимирана, претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска водела во 47 општини од кои пет во Скопје.
ВМРО ДПМНЕ апелира да се задржи демократскиот амбиент во вториот круг а власта да не продолжува да се служи со методи на притисок и заплашувања. Најавија ново испишување на историјата.
ВМРО-ДПМНЕ ќе побара подршка од сите етнички заедници.
Се надеваат и на гласовите кои легнаа на контото на Река. Од утре почнуваат со трибини и средби со граѓани.
Партијата направила и анализа колку пратенички мандати би освоиле доколку овие избори биле парламентарни. Според нивната математика тие ќе освоеле 53 пратеници, СДСМ 41 додека Беса, Алијансата и ДУИ 13.
Јулијана Пешевска