
ВМРО – ДПМНЕ повика да се бојкотира Законот за јазици
ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави против собранискиот спикер Талат Џафери и Директорот на Службен весник, Мартин Костовски за прекршување на законот и негово објавување без потпис на претседтаелот на државата. Ќе поднесат и иницијатива до Уставниот суд за испитување на уставноста на законот. Тврдат дека станува збор за насилнички обид да се протуркаат решенија кои ќе остват далекусежни последици по државата. Упатија повик до граѓаните да ја бојкотираат примената на законот.
ДУИ тврди дека законот е голема придобивка и со него се заокружува нормативниот дел од Охридскиот договор. Талат Џафери имал право да го испрати во службен весник законот и само со еден потпис. Го повикаа Вмро Дпмне да го почитува зкаонот.
И СДСМ смета дека законот треба да се почитува.
СДСМ и ДУИ очекуваат на почетокот примената на законот за јазици да се одвива со мали потешкотии, но убедени се дека целиот процес постепено ќе се одвива и сите институции ќе го почитуваат.
Јулијана Пешевска