ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог одлука за распуштање на Собранието на 12 февруари

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог на Одлука за распуштање на Собранието на Република затоа што и покрај исполнетоста на сите услови за одржување на предвремени избори за пратеници Зоран Заев се обидува да избега од истите со поставување на услови за носење на закони кои, само од нему познати причини, претставувале услов за оддржување на изборите, велат од опозициската партија.

Република Македонија е доведена до степен на потчинетост поради недостоинствени прифатени предлози, разочарувања, никакви реформи во економијата, катастрофи во здравството, нема никакви реформи во образованието, континуирано осиромашување на граѓаните, инавазија на иселување, деморализирање и потеценување на граѓаните без разлика на нивната етничка и партиска национална припадност, загрозување на животната средина, непочитување на Уставот, изјави координаторот на пратеничката група во Собранието Никола Мицевски.

Бегањето од избори на Зоран Заев е бегство од соочување со одговорноста. Со ова се докажува дека е подготвен целата држава да ја стави во заложништво, само за да се обиде да се спаси себеси, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Токму затоа бараме распуштање на Собранието на Република Македонија и предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе си ја вратат државата назад и ќе одлучат да ги водат чесни и сериозни луѓе и луѓе кои пред се ја сакаат оваа земја. Политичари, кои пред се ќе имаат легитимитет од страна на граѓаните и во наредните  години ќе ја водат Република Македонија напред, додаде Мицевски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ