ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управниот суд во која ја обжалува одлуката на ДИК

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управниот Суд во Скопје, во која ја обжалува одлуката на Државната изборна комисија, во однос на приговор на ВМРО-ДПМНЕ кој што се однесува на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите на избирачкото место број 1789, за избор на градоначалник на Општина Ново Село.

ВМРО-ДПМНЕ во тужбата бара да поништување на гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на општина Ново Село и гласањето да се повтори во законски определениот рок утврден со Изборниот законик.

ВМРО-ДПМНЕ во тужбата наведува дека е направена повреда на Изборниот законик, што е констатирано и од самата Државната изборна комисија, заради што таа одлучува да ги разреши избирачкиот одбор за ИМ 1789 во Општина Ново Село, како и целата Општинска изборна комисија за Ново Село, но спротивно на одредбите од истиот Закон Комисијата не одлучи да се прегласува на истото избирачко место.

ВМРО-ДПМНЕ оваа тужба ја поднесува заради фактот што резултатот на ова Избирачко место влијае на конечниот резултат за избор на градоначалник на општина Ново Село.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ