ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог одлука за распуштање на Собранието

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара парламентот да се распушти и да се распишат предвремени парламентарни избори, кои би се одржале заедно со претседателските. Зоран Заев да си поднесе оставка од функцијата премиер и во најкус можен рок да се состави техничка Влада со цел да се испочитуваат роковите. Како аргументи ги посочуваат штетите кои СДСМ ги направиле во однос на националните и државни интереси, како и политичките поделби во општеството.

СДСМ нема да ја подржи иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ. Не откриваат каков е нивниот став во однос на преддвремените парламентарни избори. Конечната одлука ќе ја донесе до крајот на неделава највиското партиско тело.

Според  собранискиот деловник, Претседтаелот на Собранието во рок од три дена откако ќе ја прими одлуката е должен да ја достави до пратениците. Потоа тече рок од 15 дена по кој има законска обврска иницијативата да ја стави на дневен ред на собрансика седница.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ