
ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за злоупотребени гласови на референдумот
ВМРО-ДПМНЕ до Основното Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја поднесе кривичната пријава за повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње и Сарај. Со основано сомнение дека на изминатиот референдум над 50.000 гласови биле злоупотребени во текот на референдумот, но и заради грубо полнење на кутии.
Од опозициската партија сметаат дека поради тоа е потребна смена на јавниот обвинител Љубомир Јовески, и велат дека поради неговото нестручно и несовесно работење, односно неработењеја злоупотребува службената должност. И за тоа ќе одговара. Тврдат дека Јовески билс „ставен во глувчешка дупка за да ги аболицира, затскрие, сокрие, оправда криминалите на власта, да ги сокрие и одложи криминогените дејствија против изборите односно против референдумот“.