
ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Оливер Спасовски
Во интерпелацијата ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Министерот за внатрешни Оливер Спасовски за несовесно, нестручно и селективно работење. Непрофесионалното работење на МВР довело до зголемување на корупцијата, скандали и афери, а граѓаните секојдневно биле жртви на грабежи, обиди за убиства, рекетирања и насилства. За бегството на Никола Груевски и евентуалната одговорност нема ниту збор.
Од СДСМ велат дека Христијан Мицкоски нема план, идеја ниту пак визија за напредокот на државата , па токму поради тоа поднесува неосновани интерпелации со цел да ги забави процесите во државата.
Ова е втора интерпелација за министер што ја поднесува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Неодамна беше побарана одговорност од министерот за надворешни работи Никола Димитров. Собранието за нив ќе расправа идната година.
Јулијана Пешевска