
ВМРО-ДПМНЕ подготвува нов предлог за СЈО, Десковска вели ќе прифатиме одредби во кои нема да има скриена амнестија
Во првата половина на јули ВМРО-ДПМНЕ ќе ја достави до власта својата предлог верзија на законот за јавно обивнителство со кој се решава иднината и на СЈО, вели за Телма главниот преговарач на опозицијата Тони Менкиновски. Со новиот предлог меѓу другото предлагаат Јавното обивнителство да има независен буџет кој би бил 1 до 1,5 проценти од вкупниот буџет на државата, со цел да биде независно од власта, вели Менкиновски. Не открива што конкретно кројат за СЈО во својата законска верзија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат новиот закон за СЈО ќе биде во склад со европското право и препораките на Европскиот суд на правдата
Министерката за правда Рената Дескоска за Телма вели дека го очекува контра предлогот на опозиција за законот за јавно обвинителство и повторува дека нема да прифати скриена амнестија.
Кога ќе го добиеме предлогот ќе се прозинесеме. Ако има подобрувања на текстот секако ќе бидат прифатени. Ако има скриена амнестија- нема да биде прифатена, вели таа.
Повеќемесечните преговори го одолговлекоа носењето на законот. Ова во пакет со правното мислење на Врховен, дека СЈО не смее да води нови истраги го забави ова обвинителство, признаваат од таму деновиве.
Последниот рок за донесување на законот кој се однесува и на СЈО што си го постави власта е септември.
Елена Ивановска Мукоска