
ВМРО ДПМНЕ подготвува амандмани, во петок втора шанса за СЈО
До четврток ВМРО ДПМНЕ треба да достават амандмани на Законот за јавно обвинителство што го предлага Министерството за правда.
На повторната средба во петок, работната група треба да се изјасни за нив, по што се очекува да се изгради и конечен став за статусот на Специјалното јавно обвинителство.
На синоќешната средба не беше постигната согласност околу ова прашање. Од опозицијата бараат СЈО да стане дел од Јавното обвинителство за организиран криминал, што не е прифатливо за владата, од каде,пак, инсистираат, да си остане како посебно тело.
Различни им се ставовите и за судбинатата на истрагите на СЈО што се во тек, како и за предистражните постапки и обвиненија што се покренати после 18 месеци од предавањето на материјалите.
Опозицијата смета дека случаите не пропаѓаат. Доколку СЈО стане дел од Јавното обвинителство, тие може да бидат отворени и таму. Но, велат дека истраги отворени после 30 јуни, може да ја однесат државата пред меѓународните судови.
Од ВМРО ДПМНЕ не прифаќаат ниту СЈО да нема одговорност пред никого, како и сами да си го креираат буџетот.
За целиот закон, за кој тврдат дека е препишан од Хрватска, имаат бројни забелешки, што ќе ги преточат во амандмани.
Далиборка Демјанска Цветановска