
ВМРО-ДПМНЕ побара воведување кризна состојба и пакет мерки за економијата
Замрзнување на кредитите и долговите кон државата, ова се две од сетот мерки предложени до владата со кои лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ нуди спас за бизнисите, кои според него веќе трпат штети од пандемијата со заразниот вирус Ковид -19. Мицкоски е разочаран од однесувањето на владата кон стопанството и бара мерките на неговата партија да се земат предвид.
Мицкоски освен сет за спас на стопанството излезе и со план за спас на граѓаните изложени на заразата. Пrедложи бесплатни антисептички средства, ракавици и маски купени со државни средства, да се делат бесплатно и да се постават на јавни места.
За предлозите на Мицкоски да можат во целост да се реазлираат од владата потребно е прогласување на кризна состојба. Потврди дека од митинзи се откажува, а избори на 12-ти април подржува. Короната разбранува и во политичкиот табор на ДУИ, кои од денеска ја превзмаат улогата на граѓанско движење и преку бесплатен телфонски број ќе им помагаат на сите граѓани кои седат дома заради изолација од заразата.
Владата освен мерки за заштита на здравјето на граѓаните, се уште не излегла со економски мерки. По средбата со бизнис секторот главна тема била реорганизација на смени во компаниите за да нема застој во работењето осбено за родителите кои имаат деца до 10 години, но и за оние вработени кои можат да работат од дома, да останат дома.
Павле Беловски