
ВМРО-ДПМНЕ: Од 43 проценти обработени избирачки места води Гордана Силјановска
Од 43 отсто обработени избирачки места, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска Давкова води во Битола, Велес, Кочани, Охрид, Неготино, Кичево, Свети Николе, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел, Штип, Пехчево, Гевгелија, Радовиш, Лозово и Илинден, соопшти генералниот секретар на партијата Игор Јанушев.
Од 43 проценти обработени од избирачките места водиме во Битола, Велес, водиме во Кавадарци, водиме и во Кичево, Кочани, водиме во Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, водиме во Штип, но водиме и во Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, од обработените податоци веќе победивме во Пехчево, Јагуновце, Градско, Вевчани, Могила, победивме во Илинден, Лозово, победивме во Радовиш победивме и во Ѓорче Петров, рече Јанушев.