
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за партиски чистки во Град Скопје
Партиски кадри и осомничени криминалци се именувани за членови на одбори во Град Скопје, обвинија денес од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што вели Јелена Жугиќ, советник во градското собрание од опозицијата, по наредба на градоначалникот Шилегов и претседателката на Советот, Јанчева, неодговорно се поставуваат членови во управните и надзорни одбори на јавните претпријатија.
Жугиќ истакна дека во минатото биле доставувани биографии за сите членови на управните и надзорни одбори и обвини дека таа пракса неосновано е укината.
Според градоначалникот на Скопје, Шилегов, станува збор за чистење на партиските инсталации во одборите на претпријатијата под ингеренција на градот, а новоизбраните членови на одборите се компетентни и ги задоволуваат критериумите.
Над стотината нови членови на управните и надзорни одбори во претрпијатијата се избрани на седницата која се одржа во неделата на први март.
Петар Догов