ВМРО-ДПМНЕ обвинува за изместени вредности

СДСМ и Зоран Заев го узурпираа Собранието, ги прекршија сите можни процедури само за да го донесат неуставниот Закон за јазиците и тргнаа во офанзива против претседателот Иванов кој сака да го заштити уставот, тврди ВМРО ДПМНЕ. Лидерот Христијан Мицкоски вели дека сега Македонија е киднапирана и срушена држава со секојдневни скандал

 СДСМ ја обвини ВМРО ДПМНЕ за обид  повторно да направи поделби со конфликт и со насилство. Велат дека опозициската партија тешко функционира во слобода и демократија, но дека треба да се надминат себе си и да ја напуштат политиката на омраза.

Законот за јазиците е многу важен за албанците, потенцира лидерот на Алијансата, Зиадин Села. Смета дека ВМРО ДПМНЕ сега прави театар, а кога се обидуваше да состави Влада, се согласи со ваков закон.

Искусниот политичар и поранешен пртеник, Павле Трајанов, чиј Демократски сојуз одбележа 18-годишно постоење, вели дека сите прашања треба да се решаваат во институциите внимателно, за да не дојде до дестабилизација.

Минатата недела, Законот за јазиците по трет пат беше изгласан од парламентарното мнозинство без разгледување на 36 илјади 569 амандмани поднесени од ВМРО ДПМНЕ. Претседателот Иванов по втор пат одби да го потпише указот за законот.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ