
ВМРО – ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени за промена на името
ВМРО – ДПМНЕ нема да даде поддршка во Собранието за уставни измени за промена на името. Старо-новиот заклучок на партијата доаѓа по едночасовниот состанок на извршниот комитет. Поддршка на лидерот на партијата Христијан Мицкоски, му дала и пратеничката група во Собранието, а произлегол и заедничкиот заклучок дека овој договор е спротивен на државните и националните интереси.
Мицкоски изрази сомнеж дека постојат најмaлку уште две прашања кои фрлаат сомнеж врз догoворот.
Гестот на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов да не се сретне со претседателот Ѓорѓе Иванов наиде на осуда и од ВМРО – ДПМНЕ . Мицкоски е категоричен дека ваквото однесување не оди во корист на подборување на меѓусоседските односи.
Во иднина ќе следат уште забелешки за догoворот од опозицијата. Приликата пред медиумите Мицкоски ја искористи да соопшти дека партијата донела одлука роденденот на партијата вo недела да се одбележи со протестен марш по улиците на Битола.
Павле Беловски