ВМРО ДПМНЕ не се за избори, Џафери одбива да свика седница

Изборите не се во трите актуелни приоритети на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска лидерот на опозициската партија.Прво здравјето и економијата, па после избори, вели Мицкоски, коментирајќи ги шпекулациите дека се можни избори на крајот на јуни или на почетокот на јули. Го поддржува и ставот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека распуштеното Собрание не може повторно да се состане.

По неколкудневниот молк за иницијативата на 35-мината пратеници, Џафери синоќа во телевизиско гостување изјави дека нема можност Собранието повторно да се свика. Таквиот обид, вели, е обид за пуч.

Од СДСМ му вратија дека, легитимното право на пратениците согласно Устав и деловник на Собранието не може да биде толкувано како пуч.

Велат дека ќе ја почитуваат одлуката на Џафери, но сметаат дека, како пратеници заслужуваат да добијат одговор од него на писменото барање кое е формално доставено а не да добиваат одговори преку медиумите.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ