ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за одземање на мандатот на Груевски

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не го послушаа советот од Извршниот Комитет и не гласаа за одземање на мандатот на Никола Груевски. Предлогот го подржаа само петте пратеници од владејачкото мнозинство. Невенка Стаменковска ги обвини социјалдемократите дека го спречиле Груевски да се пријавува во Собранието како оправдано отсутен.

Според Мисовски нема простор за дилеми затоа што се исполнети  сите услови за одземање на мандатот.

Пратеничката група на Вмро Дпмне не сакаше да коментира зошто  воопшто не гласале и не постапиле според препораките на Извршниот Комитет кој им наложи да  постапуваат според Уставот и законите и да гласаат за одземање на мандатот. Ваквиот потег СДСМ го оцени како лицемерен.

Предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања ќе биде ставен на дневен ред на собраниска седница по 10 јуни. За да  му се одземе мандатот на Груевски потребно е да гласаат најмалку 80 пратеници.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ