ВМРО ДПМНЕ наскоро ќе го испорача предлог законот за СЈО

Власта и опозицијата влегоа во трка кој поскоро да ја реши судбината на СЈО. Опозицијата го најави пред две недели, а денеска одново соопшти дека се пред крај со пишувањето на нов закон со кој се решава судбианта на СЈО. Неофицијално Катица Јанева и СЈО во сегашниот формат нема да влезат во нивниот предлог, ниту, пак, парите кои сега се трошат за работата на СЈО.

Откако работните групи на министерстовто за правда и ВМРО-ДПМНЕ прекинаа да работт на законот за јавно обвинителство премиерот Зоран Заев сега решението на проблемот го гледа во лидерска средба меѓу партиите. Поракаа која ја добил од опозицијата е дека тие не сакаат СЈО и во иднина да може да продолжи да ги води постпаките.

На средина на партиското препкување се најде министерството за правда кое го конструираше законското решение. Тие до сега добија забелешки и десетици амандамни, но не и предлог закон. И од минситерството потврдуваат дека за многу законски членови опозицијата дала зелено светло,  иако не се согласуваат СЈО да ги продолжи отпочнатите постапки. Правда, пак, останува цврсто во одбрана на членот со кој специјалниот обвинител се избира од советот на обвинители.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ