ВМРО-ДПМНЕ на извршен ќе се консултира

По вчерашната најава од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да преговара со власта околу обезбедување дво-третинско мнозинство во Собранието за уставните измени, сепак за денеска во партијата се најавени консултации со партиските органи и пратеничката група.

За вечерва е најавена седница на Извршниот комитет, а за утре на централниот.

Условите за вонредни избори, ги соопшти партискиот претседател Христијан Мицкоски. Тоа се техничка влада, Јавен обвинител на предлог на опозицијата и Анкетна комисија за референдумот. Овие услови, пак, не се прифатливи за СДСМ. Сметаат дека зад овие услови на Мицкоски всушност се крие барање за амнестија на поранешниот премиер, Груевски. Го отфрлија и тајното гласање во Собранието.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ