
ВМРО-ДПМНЕ: На 15-ти јули да заврши времето кога политичарите ќе бидат привилегирани
На 15-ти јули треба да победи обновата и да заврши времето кога политичарите ќе бидат привилегирани. Тие треба да бидат жртва за сопствениот народ и да направат стратегија како да дојдат до целта со што е можно помалку загуби, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес од Јегуновце.
Животот никогаш не бил потежок , но и изборот никогаш не бил појасен како сега, рече Дафина Стојаноска, носител на листа во Изборната единица 6.
Во денешната агенда на ВМРО-ДПМНЕ беа и Брвеница, Ѓорче Петров и Куманово.
Данијела Билбилоска