
ВМРО ДПМНЕ може да не учествува во спроведувањето на пописот
ВМРО ДПМНЕ може да не учествува во спроведувањето на пописот на населението. Тврдат дека на шверцерски начин е изготвен законот кој утре ќе се најде на дневен ред на собраниската комисија за европски прашања.
Го обвинија премиерот Заев дека се обидува по скратена постапка, без консултација и дебата да протне важен законски текст.
Според СДСМ целокупната подготовка за организирање на пописот е професионална и транспарента, по сите меѓународни стандарди и во неа цело време е вклучен Евростат. Тие негираат дека на ВМРО-ДПМНЕ не и бил оставен простор за забелешки во однос на законите. Од декември минатата година до ВМРО-ДПМНЕ е доставен на разгледување Изборниот законик и после 6 месеци партијата нема кажано ништо обвини СДСМ .