ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе приговори, обвинува за изборен фалсификат

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе приговори до ДИК за изборни нерегуларности. Обвинија за изборен инженеринг, тежок фалсификат, уцени, закани и притисоци.

Гордана Сиљановска Давкова синоќа изјави дека  се чувствува како победник на изборите и покрај фактот што математички Пендаровски има добиено повеќе гласови. Победата не му ја честиташе.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и објави на власта вистински политички пекол кој ќе го предводи неговата партија. Задоволен е од изборниот резултат, 380.000 гласови и водство во 40 општини. Подготвен е да понесе и одговорност доколку партиското членство го побара тоа од него.

Мицкоски повторно побара до власта да се распишат предвремени парламентарни избори.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ