Македонија ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спречи обидите за фалсификување на референдумот
„Не дозволувајте да ве заплашат со закани или залажат со пари или каква било награда. Што и да ви каже Заев или неговите соработници, достоинството нема цена“. Ова е пораката на ВМРО-ДПМНЕ на последниот ден од изборната кампања.
Основа за сомневањата дека власта може да се обиде да го фалсификува референдумот, според генералниот секретар Јанушев, има во откажувањето на Собранието од набљудување на процесот, во повикот на премиерот Заев до бизнисмените како и во информациите што доаѓаат од теренот.
Јанушев вели дека македонскиот народ е соочен со историска одлука: или да се самоизбрише и самоукине или да продолжи да се бори за она за кое се бореа генерациите пред нас. В недела, според ВМРО-ДПМНЕ, се сочуваме со избор меѓу капитулацијата на Заев и чувањето на сопствениот образ, честа и достоинството. Партијата посочува дека премиерот повикал на изборна корупција, но Македонецот не се откажува од Македонија за 100 евра.
Соња Николовска



