
ВМРО-ДПМНЕ го осуди Заев за навреда врз основа на сексуална определба
ВМРО-ДПМНЕ вечерва најостро ги осуди, како што велат од најголемата опозициона партија, навредите и заканите на Заев кон новинарите кои го обелодениле неговиот криминал. Тие исто ги осудуваат и навредите врз основа на сексуалната определба.
Според ВМРО – ДПМНЕ, Зоран Заев е во очевидна паника и доказите кои излегуваат во јавноста за случајот “рекет”, го стегале обрачот околу него.
“Настапот на Заев докажува дека Боки Тредичи е негова креатура и дека знаел за се што се случува. Толкав гнев и агресија кон луѓе со понаква сексуална ориентација може да се објаснат само со огромна блискост во минатиот период.
Заев е очигледно исплашен од медиумските написи дека осомничениот Боки Тредичи има докази против него и ќе ги обелодени” – се вели во вечерашното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.