
ВМРО-ДПМНЕ формира тим за обнова, СДСМ се ребрендира
ВМРО-ДПМНЕ формира тим за обнова, СДСМ се ребрендира. Сиљановска, Кедев, Дурловски, ракометарот Борко Ристовски, професорот во Мадрид Хозе Тараско, Јанко Баждавела од Њујорк, Сања Божиновска, Коста Митровски, Гоце Наумовски се дел од 16-те стратешки соработници на Христијан Мицкоски. Заедно ќе работат на решавање на проблемите на граѓаните, ќе одат на терен, ќе го мобилизираат човечкиот потенцијал со цел да се обезбеди подобра, стабилна и сигурна иднина.
Првото барање е одржување на предвремени парламентарни избори.
Се менува и СДСМ. Црвено белата боја ќе биде новата со која ќе се ребрендира партијата. Викендов од Штип почнуваат со кампањата под мотото „На прав пат“, на граѓаните ќе им ги објаснуваат сите досегашни ветувања а ќе се сондираат и нивните барања од локалната и централната власт.
Социјалдемократите после 20-ти октомври ќе стартуваат со проектот „Од врата на врата“, кој ќе го спроведуваат локалните ограноци. Двете кампањи ќе бидат во функција на подготовка на новата изборна кампања.
Јулијана Пешевска