ВМРО-ДПМНЕ: Единствено Заев ја кочи иднината на Македонија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ возврати на соопштението на СДСМ во кое беше посочено дека Договорот со Грција ја гарантира македонската иднина и овозможува влез во ЕУ и НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ возврати дека единствено кој ја кочи Република Македонија и ја загрозува иднината на граѓаните е власта предводена од Зоран Заев. Тие зад превезот на штетниот договор со Грција вршат беспоштеден грабеж на државата.

„Заев ги лаже македонските граѓани и го гази ветувањето за задолжителен референдум. СДСМ покажа единствено самоволие и непочитување на парламентарната демократија. Додека власта на Зоран Заев се обидува насила да протурка еден катастрофален капитулантски чин, истовремено спроведува невиден грабеж во државата.

Залудно Зоран Заев го продава името. Залудно Заев потпишува капитулантски договори и прифаќа комисии за менување на историјата. Во Европа со грабеж и корупција не се влегува! Заев е исплашен бидејќи знае дека доаѓа крајот на неговото коруптивно владеење“ велат од ВМРО-ДПМН.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ